Бајден победи во Мичиген, го чека исходот од Невада за конечна победа

by Фокус

Демократкиот претедтелски кандидт, Џо Бајден, по победата во Висконсин, освои уште една од клучните сојузни држави – Мичиген, тврдат телевизиите CNN и NBC, со што се приближи до конечната победа на американските претседателски избори.

Инаку, Мичиген дава 16 електорски гласаови, што, според пресметките на телевизиите, му овозможило на Бајден да дојде до 264 од потребните 270 електори за победа.

На тој начин, уште само победа во Невада, каде имал тесно водство, го дели Бајден од Белата куќа.

Исто така, се чека и на соопштување на резултатите во Пенсилванја, Џорџија и Северна Каролина, каде Трамп е во тесно водство.

Поврзани новости