По синоќешната маратонска расправа, Џафери закажа продолжение на уште две седници

by Фокус

После маратонската седница во времетраење од 21 час, која се развлече поради расправата за ГА-МА, претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска закажа продолжение на две пленарни седници.

На 26-та седница, меѓу точките на дневен ред, ставени се три предлог-закони по скратена постапка за измена и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и предлог на закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

На дневен ред на 21-та седница, пак, се Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за поштенските услуги Законот за заштита на населението од заразни болести во прво читање.

Поврзани новости