Бајден: Ако Трамп изгуби на изборите и не се повлече, Американците нема да молчат

by fokus

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден изјави денеска дека Американците нема да молчат доколку актуелниот шеф на државата Доналд Трамп изгуби на изборите и одбива да се повлече.

Тој тоа го изјави за време на кампањата во Охајо, еден ден откако Трамп во првата дебата меѓу двајцата кандидати, повторно одби да каже дали ќе ги прифати резултатите од ноемвриските избори.

Бајден истакна дека „претседателот ќе се повлече“, додавајќи дека американскиот народ нема да го толерира спротивното.

– Американските граѓани ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател. Точка, заклучи Бајден.

Поврзани новости