Средношколците од Неготино сепак ќе учат онлајн

by fokus

Средношколците од СОУ Св.Кирил и Методиј сепак ќе учат на далечина, односно онлајн. Денеска, помеѓу дел од учениците и нивните родители настана недоразбирање откако на официјалната страница на училиштето беше објавено соопштение со објавен распоред за учениците од прва до четврта година и барање за нивно физичко присуство за утре и задутре.

Голем дел од учениците и родителите се запрашаа дали всушност ќе има настава со физичко присуство, бидејќи не им беше јасно зошто се повикани во училиштето.

Министерката за образование Мила Царовска, за „Фокус“ појаснува дека нема да има настава со физичко присуство.

-Надлежните од училиштето своеволно одлучиле да ги повикаат учениците во просториите на училиштето, ни изјави Царовска.

По реакциите на засегнатите од училиштето излегоа со ново соопштение во кое појаснуваат дека нема да се оддржи настава со физичко присуство туку дека учениците се повикани на запознавање со новите професори, за враќање на стари книги и подигање на нови, и информирање кој има проблем со пристап до интернет. Од училиштето потенцираат дека ќе бидат превземени сите мерки за заштита од вирусот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости