Бачев: Зошто Владата се потресе од зборот „Шиптари“, тоа е албански збор

by fokus

Од партијата на Јанко Бачев попладнево реагираа на осудите за употреба на зборотт „Шиптари“ и велат дека штом Владата се „потресла“ од употребата на овој збор, тогаш не е македонска.

-Пучистичката влада во Скопје дефинитивно не е македонска штом во реакцијата се потресла од зборот Шиптари. А од друга страна е согласна кога албански политички лидери и историчари нѐ нарекуваат Северномакедонци, Славофони, Бајрамовци, Фиромани. Називот Шиптари (Shqiptarët) започнува да се употребува за време на Народно-ослободителната борба на Југославија како замена за претходните синоними. Воведувањето на зборот требало да послужи како исказ кој наведува на единството на албанскиот народ кој живеел во Југославија и Албанија. Значи, зборот е албански, стои во реакцијата на Единствена Македонија.

Поврзани новости