Автомобил влета на карневал во Белгија – четворица загинати

by fokus

Четири лица загинаа кога автомобил влета во карневалски собир во јужниот белгиски град Стрепи-Бракени во раните утрински часови.

Уште 12 лица се тешко повредени, изјави градоначалникот Жак Гобер на блискиот град Ла Лувиер, 50 километри јужно од Брисел. Околу 20 лица се здобиле со лесни повреди.

Не е јасно дали инцидентот бил намерен. Градот го активираше својот план за итни случаи.

Инцидентот се случил околу 5 часот наутро (0400 GMT) за време на традиционалната церемонија на карневалот.

Поврзани новости