580
Од утре на милиони луѓе во Англија ќе им биде понудена четврта доза од вакцината против коронавирус, соопшти денеска службата за јавно здравје НХС.
Таа доза ќе се препорачува за лица над 75 години и за лица со слаба имунолошка заштита над 12 години.
Вкупно околу пет милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за примање на четвртата доза од вакцината, а 600.000 ќе добијат покана оваа недела да закажат вакцинација.