Автомобил удри 12-годишно момче на велосипед кај „Мајчин дом“

by fokus

Автомобил марка „Нисан Микра“ со скопски регистарски ознаки, управуван 50-годишниот од Г.Ж. од Скопје, удрило во 12-годишно момче на велосипед вчера околу 11.20 часот на улицата „Васко Карангелевски“ во Скопје, во близина на “Мајчин дом“.

Според полицијата од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости