Автомобил излета од патот Струмица-Валандово, возачот тешко повреден

by Fokus

На 25.01.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, Ш.Џ.(63) од Струмица, управувајќи патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Поврзани новости