Кралот Чарлс оди на операција на простата

by Fokus

Британскиот крал Чарлс е примен во болница на операција поради зголемена простата, соопшти Бакингемската палата. Постапката ќе биде извршена во приватната болница во Лондонската клиника, каде што беше оперирана Кетрин, принцезата од Велс минатата недела.

Би-би-си јавува дека кралот утрово ја посетил принцезата во болница, пред неговото планирано лекување. Се уште не е познато колку долго кралот Чарлс ќе остане во болница.

Поврзани новости