Лескаровска: Потребно ни е зголемување на сместувачките капацитети во зимските туристички центри

by Fokus

Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јасмина Лескаровска во интервју за Слободен печат смета дека се уште постои простор за дејствување за да се зголеми бројот на туристи во зимската сезона.

„Не може да очекуваме подобри резултати, а упорно да правиме исти грешки. Бројот на туристи во зимската сезона не може да биде зголемен доколку туристичката понуда е иста како и претходните години. Зимските дестинации се посетени од туристи кои се на еднодневни екскурзии, домашните туристи беа најбројни во 2021 и 2022, но регионалните гости од Косово, Албанија, Србија, Бугарија и од Грција се тука. Сместувачките капацитети и туристичката понуда во Попова Шапка, НП Маврово, Пониква, Кожув е иста со децении и немаме толкави капацитети каде што може да се сместат тие гости коишто можеби сакаат да останат. Со интегрирање на процесот на стратешко планирање ќе се обезбеди реална визија за иднината на ски центрите во земјава. Вложување на државава преку издвојување на буџетски средства ќе се зголемат капацитетите и ефикасноста за спроведување на стратешките приоритети за развој на зимските центри, во насока на отворање на можности за одржливи домашни и странски туристички инвестиции“ вели Ласкаровска.

Во однос на патната инфрастурктура и превозот кои се едни од најчестите забелешки на туристите, Лескаровска смета дека се потребни повеќе инвестиции кои на краток рок, брзо ќе се повратат.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот нема надллежност за решавање на проблемите во патната инфрастурктура и превоз. Проблемот е реален и е повеќе од очигледен, потребни се континуирани инвестиции за подобрување на патната инфраструктира и истото треба да биде приоритет на Владата, кој повлекува развој не само на туризмот туку и на македонската економија и стопанството“ порача Лескаровска.

Поврзани новости