Австрија ќе ги казнува со 3.600 евра тие што ќе одбијат вакцина против коронавирусот

by Fokus

Австрија минатата недела стана првата европска земја која вакцинирањето против ковид-19 го направи законска обврска, а како мерка тоа ќе стартува од февруари. Со тоа Австрија му се приклучи на Ватикан како единствени места во Европа со таква законска обврска за граѓаните.

Над 8,9 милиони австриски жители од денеска неможат да излегуваат од дома, освен да одат на работа, да купуваат неопходни работи и да вежбаат. Рестораните, баровите, фризерите, театрите и продавниците и другите услужни дејности кои не се неопходни, ќе мора привремено да ги затворат своите врати.

Според новите правила овие ограничувањата ќе траат до 12 декември. Властите најавија дека по 10 дена повторно ќе бидат проценети околностите и потоа ќе биде донесена одлука дали ќе продолжат со вакви мерки или не.

Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата што нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на третата доза.

Инаку, Чешка и Словачка од денеска им забранија на невакцинираните лица да посетуваат пабови и други услужни активности, откако одделенијата за интензивна нега во болниците се преполнија поради зголемениот број заболени од корона вирусот.

 

Поврзани новости