Македонските модуларни болници потенцијална „бомба“ за експлозија?

by Fokus

Во близина на скопската Инфективна клиника, како и во поголемите градови кои преставуваат регионални центри се поставија модуларни болници, кои требаше да бидат дополнителен простор за да се хоспитализираат повеќе пациенти заразени од ковид.

За време на најголемите бранови на заразени и починати ковид пациенти, здравствените капацитети „колабираа“, па потребата од монтажни контејнери беше неопходна.

Факт е дека овие болници се сметаат како времени објекти, но досегашната пракса покажува дека на начинот на кој се изградени не се погодни за интензивна нега на пациенти со кислородна поддршка.

Објектите се изработени од еколошки ѕидни панели (PUR), кои според градежните инженери се лесно запалив материјал, кои пак во комбинација со толку висока концентрација на кислород може дополнително да ги влошат работите, како и што се случи со тетовската модуларна болница.

Сепак, според нашите информации, овие времени објекти воопшто не требало да бидат изградени од таков материјал, а баш поради тоа внатре не требало да има централен довод на кислород, кој може да преставува потенцијална „бомба“ за експлозија.

Тоа го докажуваат и  препораките на Здружениот истражувачки центар (Joint Research Center – JRC) на Европската комисија, според кои ковид-болниците со висока концентрација на кислород треба да се градат според стандардите за хемиски фабрики. Во таков случај, немало да дојде до ширење на пожарот.

Основниот проблем е градбата од запаливи материјали (полиуретан)

Според препораките на JRC на Европската комисија, врз основа на 30-тина пожари во разни болници ширум светот, ковид болниците со висока содржина на кислород треба да се градат според стандардите за хемиски фабрики. Инаку, со пластична дограма, која обезбедува речиси херметичко заптивање, сигурно е дека кислородот ќе се задржува во просторијата, доколку не се проветрува“, истакна во изјава за „Фокус“, професорот Дејан Трајковски од Технолошкиот факултет.

Според него, со оглед на тоа што во болницата неконтролирано престојувале цивили, можно е некој и со цигара да предизвикал пожар. „Несреќен сплет на околности, но истовремено опомена дека истото може да се повтори во преостанатите модуларни болници со ѕидови и тавани од ПУР пена“, додава професорот Трајковски.

Тендерот за изградба на модуларните болници го добија велешката фирма „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ по скратена постапка, без претходно објавен оглас. Тие ја добија ваквата „привилегија“ со цел побрзо да се изградат и таму да се сместат пациенти заразени од Ковид 19, со оглед на тоа што сите здравствени капацитети беа преполни.

И.М.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости