604
Пратеничката на СПМ, Владанка Авировиќ, на денешната дебата за четвртиот амандман во Собранието, порача дека интересот на граѓаните е неприкосновен, додавајќи дека целиот овој процес за проблемот со името трае предолго.
„Никој понатаму не може да го негира ниту македонското културно наследство, ниту историјата. Сакаме да стане јасно, не се доведува во прашање интересот на Македонија. Никој не може да го одземе тоа. Многу долго трае овој процес на решавање на спорот со името“, рече Авировиќ.