Атентат врз руски дипломат во ЦАР

by Fokus

Повредениот директор на Рускиот дом во Централноафриканска Република (ЦАР), Дмитриј Сити ќе биде евакуиран во Русија.

Според Амбасадата на Русија, здравствената состојба на Сити е тешка и лекарите се борат за неговиот живот.

Сити е повреден откако добил пратка со експлозивна направа. Пратката била испратена од главниот град на Того, Лома.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва очекува да бидат идентификувани и казнети одговорните за убиството на директорот на Рускиот дом во ЦАР.

Поврзани новости