Атанасов: Власта сака да го уништи УКИМ

by fokus

На земјава не и треба уште еден партиски универзитет, изјавија денеска од СДСМ. Според нив продолжуваат игрите без граници кои ги режира криминалната власт на штета на образовниот процес и високото образование.

– Целта на власта е ако може да го уништи најстариот, најдобриот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“. Прво, начинот и процедурата за избор на нов ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ покажа дека власта сака да се меша во работите на најстариот универзитет во земјата. Според техничкиот дел од гласањето нов ректор е професорот Никола Јанкуловски.

Но, не може да се избројат сите нерегуларности и недемократскиот амбиент во кој се избираше новиот ректор. Недозволиво за една ваква институција! Најголема дамка на изборот беше одбивањето на ректорот Јанкуловски да се појави на јавна дебата, на академска расправа! Од кого се исплаши ректорот?

Од професорите, од студентите, од јавноста? Како ректорот ќе води ако нема храброст да се соочи со академската јавност, без слобода, автономија… Знае ли воопшто ректорот што е автономија на универзитетот? Каде беше ректорот кога студентите се тепаа, се прогонуваа – вели тој.

Поврзани новости