Намален кредитниот рејтинг на Британија

by fokus

Двете водечки светски агенции го намалија кредитниот рејтинг на Британија.

Агенцијата Standard & Poor’s го намали највисокиот „ААА“ рејтинг на Велика Британија за дури две нивоа, на „АА“, и предупреди и на можно натамошно намалување на рејтингот. Во Fitch Ratings, пак, го намалија британскиот рејтинг за едно ниво, од „АА+“ на „АА“, исто така, предупредувајќи на можно идно намалување.

Агенцијата S&P соопшти дека резултатот од референдумот би можел да доведе до влошување на економската ситуација во Велика Британија, вклучително и во нејзиниот голем финансиски сектор. Покрај тоа, одлуката да се напушти ЕУ може да доведе до помала предвидливост, стабилност и ефикасност на политичката рамка во земјата, порачуваат од S&P.

Од Fitch во своето соопштение порачуваат дека очекуваат остро забавување на британската економија. Така, сега проценуваат дека тамошниот бруто домашен производ (БДП) во 2017 и 2018 година ќе расте по стапка од само 0,9 отсто, додека претходно се очекуваше раст од 2 отсто.

Поврзани новости