Села ќе оди на внатрепартиски консултации пред да влезе во преговори за нова влада

by Fokus 10:38
10:38

Алијансата за Албанците денеска попладне ќе оддржи внатрепартиски консултации во врска со преговорите со СДСМ за формирање на нова влада, веднаш по денешното прво јавно појавување на Зијадин Села во Тетово, откако беше брутално претепан на „крвавиот четврток“, брифираат извори од неговата партијата.

-По пресот на Села во 13 часот, ќе се собереме за да расправаме дали подобро е да се оддржи лидерска средба со Зоран Заев или да се формираат работни групи, особено ако има одредени нејаснотии и несогласувања – ни изјави висок функционер од Движењето за реофмри – ДПА, потврдувајќи дека досега има контакти и комуникација меѓу двете страни на разни нивоа.

- Advertisements -

Тој додава дека постои опција оваа коалиција да го презеде ресорот здравство, од причина што во партиското раководство има многу доктори, меѓутоа, според него, во игра се и други опции.

В.С.

Поврзани новости