Кривични пријави за градоначалникот Марјан Ристески и поранешниот министер Диме Спасов

by fokus 10:38
10:38

Поради  сомневање дека ги извршиле кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“, денес до Основното јавно обвинителство Прилеп беше поднесена кривична пријава против поранешниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, поранешниот директор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ Дарко Рибароски, директорката на МЦСР Снежана Јованоска и против членови на Управниот одбор на прилепскиот Дом за стари лица – објавува Публикум.

Според подносителот на пријавата, адвокатот Жарко Стеваноски, постојат основи за сомневање дека во периодот од 2009 година до денес, спротивно на одредбите од чл.95 од Законот за социјална заштита пријавените Диме Спасов и Снежана Јованоска склучиле договор со тогашниот директор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ Дарко Рибароски за финансирање на проектот „Народна кујна“, без обезбедено одобрение за вршење дополнителна дејност од Владата на РМ. На тој начин пријавените предизвикале штета од големи размери на буџетот на Република Македонија и на Општина Прилеп.

- Advertisements -

Исто така, постојат основи за сомневање дека прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и членовите на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ од Прилеп со неизвршување на својата службена должност, спротивно на Статутот на јавната установа и на Законот за социјална заштита, не спровеле постапка за избор на нов директор на установата во периодот од 08.07.2010 до 05.11.2015. Со тоа, спротивно на закон, му овозможиле на Рибароски да ја врши функцијата ВД директор на домот за стари лица, период во кој преку неизвршување на службените должности и непреземање на мерки и активности за законито управување со средствата на домот, била предизвикана штета во износ од преку 15.000.000,00 денари.

 

Поврзани новости