Верижен судар меѓу стотина автомобили во Тексас

by Фокус

Најмалку 5 лица загинаа, а повредени се десетици луѓе, во верижен судар што се случи меѓу стотина автомобили во Тексас, како резултат на лизгавиот пат.

Пожарната служба на Форт Ворт соопштила дека нејзините припадници оделе од автомобил до автомобил и им укажувале помош на луѓето.

Портпаролот на локалната болница, пак, за дел од американските медиуми соопштил дека 36 лица биле хоспитализирани по инцидентот.

Поврзани новости