ЛДП предлага мерки против загадениот воздух

by Фокус

Инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, итна забрана на увоз на стари возила кои се под ЕУРО 5 стандард и стимулација на користење на електрични возила, хибридни возила и возила на природен гас, прекинување на масовна неодржива, антиеколошка и нехумана градба…

Ова се само дел од мерките што ги предлага опозицискиот ЛДП со цел намалување на загадувањето во најголемите градови низ земјава, кое, според Зоран Шапуриќ од оваа партија, е алармантно.

– Нивото на суспендирани честички од 10 микрометри и 2,5 микрометри во овие градови е повисоко од дозволеното повеќе од 130 дена во годината, а во одредени периоди дури и до 10 пати повеќе од дозволеното – вели Шапуриќ.

Тој потсетува дека мерките против ваквата неповолна состојба ќе се поттикнуваат преку основање на целосно независен еколошки фонд, во кој ќе се слеваат средства од еколошките такси.

Поврзани новости