Богоевски: Груевски и Ахмети ја федерализираа Македонија

by Фокус

Унитарноста на Македонија постои само на хартија, бидејќи Никола Груевски и Али Ахмети веќе ја федерализираа Македонија, вели граѓанскиот активист Павле Богоевски, кој е кандидат за пратеник од редовите на опозициската коалиција на чело со СДСМ.

„Македонците, Албанците, Турците, Србите, Бошљаците и Ромите во Македонија си имаат посебни делови од градовите, посебни кафиќи, посебни правила, посебни училишта и паралелки. Посебни радија и телевизии. Ние сме поделено општество и тоа е факт. Вистинската унитарност која е дефинирана во Уставот мора да биде отсликана и во реалноста. Доста беа поделби, насилство, омраза, демонизирање, и најважно од се – доста беше користењето и пумпањето на меѓуетничка омраза секогаш кога партиите на власт ќе проценат дека тоа им е потребно за да победат на избори“, напиша Богоевски на фејсбук.

Тој порача дека доколку некој му покаже автентичен цитат каде Зоран Заев вели дека ќе воведе двојазичност и ќе го промени Уставот, односно ќе ја федерализира Македонија, веднаш ќе ја повлече кандидатурата за пратеник.

 

Поврзани новости