Арсовски: „Како си љубави“ и „домат дипломатијата“ излегоа на виделина

by Fokus

Република Македонија од вчера, покрај здравствената ситуација, во која што се наоѓа во прилично сложена и сериозна ситуација и на надворешен план. Владата на Зоран Заев и СДСМ потфрли во ЕУ интегративниот процес, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Трета година по ред Зоран Заев, заедно со Никола Димитров ги лажат граѓаните дека добиваме датум за преговори и дека ги отпочнуваме преговорите.

Оваа лага излезе на површина и за жал, штетата сега ја трпат сите граѓани и самата држава Република Македонија. Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска де факто немаат капацитет да нудат повеќе европска иднина. Тонат во бездна, а со нив ја повлекоа и целата држава и целиот народ.

Шарлатанското однесување од типот на „домат дипломатија“ и „љубави, како си, те поздрави Зоки” излезе на виделина и конечно стигна поздравот до Зоран Заев и Владата за нивната несериозност, некапацитетност, некадарност, и негрижа кон државата и граѓаните, како и кон националните интереси.

Би сакал да се потсетиме што велеше Зоран Заев на 26.07.2017 година во однос на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, а потоа да се потсетиме на уште едно видео што велеше Зоран Заев во однос на надворешните прашања.

По се изгледа не било онака како што велел Зоран Заев изминативе неколку години.

Во овие моменти, тешки моменти за државата и граѓаните, кога стигна одговорот од бугарската влада за шарлатанската дипломатија на Зоран Заев, не страдаат само Владата на СДСМ, ним им е гајле тие уживаат и ќе уживаат во милионите кои што ги испокрадоа, туку страдаат граѓаните, обичниот народ и самата држава.

Поривот за лажење, манипулирање и давање лажни ветувања на Зоран Заев кој што го гледаме изминативе години ја донесе Република Македонија до ќорсокак и до момент кога се што ветувал не може да исполни и затоа му се случува ова сега, не му се случува него, туку за жал штетата ја трпат граѓаните и државата.

Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, ги ставија на тацна и на тезга за распродавање најсветите работи за Македонците, за граѓаните на Република Македонија, а тоа се идентитетот, историјата, нашите херои, нашите емотивни поврзаности со историски моменти и личности.

Со нивното пазарџиско однесување, ги ставија граѓаните и државата во положба и позиција дотолку слаба во моментов, што ги наруши трајно, потенцирам трајно ги наруши, сите можни преговарачки позиции на Република Македонија во иднина.

Зоран Заев и сите останати во Владата повеќе немаат капацитет да ја водат државата, потребно е да си дадат оставки и како што реков да се формира Влада по формат за национален спас.

Ова се моменти кога треба да се размислува рационално и трезвено, а не со капацитетот на размислување на Зоран Заев. Тоа се покажа како неуспешно“, посочи портпаролот на опозицијата.

Поврзани новости