Поминаа 3 дена од скандалот за нелегално прислушување во Јавното обвинителство, а се уште од Оливер Спасовски и МВР немаме никаков концизен и директен одговор, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
– Кадрите на СДСМ се уште ги прислушкуваат граѓаните и институциите. Јавните обвинители, судиите, нивните соработници и институциите се под директен надзор и нелегално прислушувани од страна на Оливер Спасовски и Зоран Заев. За ова оставки, но и одговорност мора да има и тоа уште веднаш – рече Арсовски.
Тој праша кој прислушувал нелегално во Јавното обвинителство, дали во разговорите има разговори и од обвинители од Специјалното јавно обвинителство во кои се договарале одредени предмети и нивно преземање, кој ќе сноси одговорност за прислушувањето, дали со овие нелегални разговори од изминативе 2 години биле уценувани јавни обвинители да носат одлуки по нечија желба на луѓето од власта?