Макрадули: Борбата против аерозагадувањето дава резултати, се намалуваат загадените денови

by Фокус

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули денеска изјави дека напорите на Владата и на сите други институции за намалување на аерозагадувањето веќе даваат резултати.

– Направивме споредба на податоците од изминатите три години, 2016, 2017 и 2018 во периодите од 1 јануари – 30 ноември и забележавме дека во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови во анализираниот период. Станува збор за број на денови со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми. Постои сериозно намалување на бројот на загадени денови во Тетово, каде во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 година – 115, додека во 2018 тој број паднал на 105. Во Битола, минатата година имало 105 загадени денови споредбено со 65 денови годинава на првата мерна станица, или 99 загадени денови лани наспроти 70 годинава на локацијата на втората мерна станица. Просекот од сите мерни станици на национално ниво покажува благ пад, од 99 загадени денови во 2016 и 2017 на 86 загадени денови во 2018 година, во периодот 1 јануари – 30 ноември – изјави Макрадули.

Тој додаде дека од анализата ги исклучиле мерните станици кои не се во функција.

Поврзани новости