Арсовска во одбрана на Мазнева: Треба да ја поздравите оваа жена, да и речете браво!

by Фокус

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со еуфорија и викање побара поддршка за директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, велејќи дека една жена со справила со мафијаши во јавното претпријатие, откако, како што рече, ниеден маж не се справил цели 30 години.

-Тоа што застанувам остро против криминалот, не значи дека изразувам нервоза. Таа постапи уште минатиот месец, пред 25 јуни, кога реагира соодветно, кога почна со сите постапки, па мафијашките структури одлучија да се пресметаат со неа. Јас не дозволувам никој да нè манипулира тука, најмалку против една жена, која се нафати со едно претпријатие со 1.400 вработени, кое било во заложништво на ликови, семејно поврзани, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна. Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува по 30 години. Ако мислите дека со еден ден се прави сериозна пријава – се лажете. Затоа треба оваа жена да ја поздравите сите, да ѝ кажете браво – рече Арсовска пред новинарите.

Ако се обидува некој политички да се пресметува, порача раа, треба добро да размисли.

-Треба да се размислат сите што молчеле 30 години пред ова што се случува, а не да ја напаѓаат оваа жена тука. Целиот град стои зад неа бидејќи сама се спротивстави против сите, каде што ниту еден маж не застанал – порача Арсовска.

Поврзани новости