Дардишта реагира: Со генерации сме во „комуналец“, камо среќа да не работиме во ѓубре!

by Фокус

Дели Дардишта, поранешен синдикален лидер во Комунална хигиена кој неодамна беше избркан од работа, ги потврдува тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието. Но, како што вели тој за Макфакс, се е законски.

-Ние вистина е дека сме големо семејство, но секој своја куќа има, секој со своите деца си живее. Ние сме со генерации тука, не е дека некој вчера ги вработил луѓето. Имаме луѓе со по 40 години стаж, овде што работат. Се е легално, согласно закон. Секој има право да се вработи. Камо да имавме среќа на друго место да се вработиме, а не во ѓубре. Татковците наши, сите во пензија отидоа од таму. Јас имам 33 години, а има по 40 години што работат тука. Што е спорно? – прашува Дардишта.

Во однос на обвинувањата дека мафијашки структури го контролираат претпријатието, тој вели: „Има право да нѐ обвинат за се кога, 365 дена работат луѓето, а ни денови за одмор не добиваме. Нека им служи на чест“.

Претходно, Арсовска посочи дека од фамилијата Дардишта има над 40 вработувања.

Поврзани новости