Голем пожар во Иран, горат танкери со нафта

by Фокус

Во индустриската зона на пристанишниот град Бандар Абас, јужен Иран се запалија три танкери со нафта, кои се во сопственост на компанијата „Афтаб оил рафининг“ (Aftab Oil Rafining), објавија денеска државните медиуми.

Според извештаите од локални извори, се прават напори за гаснење на пожарот, но постои опасност од проширување и од експлозија на соседните тенкови.

Досега нема информации за настрадани луѓе.

Поврзани новости