Арсовска на увид на нивелирање шахти

by fokus

Започнавме со нивелирање на шахтите во Скопје кои се подигнати повеќе од нормалното или пропаднати под нивото.

Денеска бев на проверка на работите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов каде се поставуваат самонивелирачки шахти, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Ова беше еден од поголемите проблеми за кој граѓаните се жалат, а неговото решавање е дел од програмата на Град Скопје за првите 82 дена од мојот мандат, напиша таа.

Поврзани новости