Холандскиот амбасадор Коп: Неопходно е да станете членка на ЕУ

by Фокус

Јас не сум тука за вас, туку за интересите на мојата држава, а интересот на мојата земја е стабилност и просперитет на Балканот и затоа неопходно е да сте не само членка на НАТО, туку и да бидете членка на ЕУ, порача амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп, откако земјава не доби датум за прва меѓувладина конференција со ЕУ.

-Важно е да продолжат реформите. Лани оваа земја стана членка на НАТО и по неколку години ќе стане членка на Европската Унија. Во таа насока проблеми по патот секогаш ќе има како што е сега проблемот со Бугарија. Тие проблеми ќе бида решени. Ние секогаш сме подготвени да ви помогнете да ги решите. Меѓутоа, тоа што е важно да нема големи емотивни падови и искачувања, туку да се продолжи со работа. Бидејќи, спроведувањето на реформите е единствениот начин да се најдете на масата на ЕУ и да имате подеднакво право на глас – рече Коп.

Поврзани новости