Арсовска го назначи Трајановски од ГРОМ за заменик-градоначалник

by fokus

Александар Трајановски, советник од редовите на ГРОМ денеска е назначен за нов заменик-градоначалник на Скопје, информираа од Градот.

Со ова, градоначалничката Данела Арсовска ја зајакнува коалицијата со ГРОМ во рамки на Советот.

Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

-Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација.
Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот. Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.
Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје, велат од Град Скопје.

Поврзани новости