Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска денеска одржа брифинг со медиумите во елитниот скопски ресторан „Воденица“, на кој не беа повикани дел од медиумите.
„Фокус“, исто така беше еден од медиумите, кој не беше повикан на брифинг со градоначалничката.
Според нашите информации, на брифинот не биле поканети и новинарите од СДК, Мета, Нова Македонија, поточно оние кои во последната година ипол, за време на владеењето на Арсовска со Градот критички ја опсервираат нејзината работа.
Ова не е првпат, актуелната градоначалничка да организира брифинг, на кој нема да бидат поканети дел од медиумите, поточно оние кои не и одговараат на неа.
„Фокус“ во текот на последната година направи цел серијал на текстови за имотот што го поседува нејзиниот татко Ванчо Јовановски, како и за тоа дека била повикана во полициска станица за опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори.
Исто така, од Градот Скопје досега немаат одговорено на ниту едно прашање поставено од „Фокус“, а Арсовска не не удостои да ни одговори на ниту една од поканите за интервју.
Ирена Мулачка