Армијата засилена со 200 нови војница, Шекеринска најавува уште 250 следната година

by Фокус

Нови 200 професионални војници денеска се приклучија во редовите на Армијата на Република Северна Македонија, а, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во првата половина од 2021 година ќе бидат дополнително примени уште 250 професионални војници.

На свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, министерката Шекеринска во обраќањето пред новите професионални војници нагласи дека инвестирањето во Армијата започнува со инвестиции во човечкиот потенцијал.

-Вашиот денешен ден е почеток на интересно и возбудливо патување како армиски професионалци. Ќе ги осознаете вашите граници, ќе ја тестирате вашата цврстина, трпеливост, знаење, волја и слично. Ќе сфатите дека да се биде во Армијата не е само професија, туку и начин на живот. Униформата ќе ве направени дополнително почитувани и дома и во заедницата. Затоа носете ја  гордост и со чест – им порача Шекеринска.

Поврзани новости