Шилегов за следната година најави нов мост, луна-парк и ботаничка градина

by Фокус

Иако моравме да го намалиме нашето движење, да седиме дома, да ги кратиме нашите трошења, сепак, градот мораше да продолжи да функционира и живее, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во неговото новогодишно обраќање.

-Успеавме да го реконструираме и прошириме паркингот на Клинички центар и овозможивме услови за поставување на нова монтажна болница. Најдовме сили да и помогнеме на економијата во повеќе сектори. Градот започна градежна офанзива во која се реконструираа и почнаа да се градат вкупно 19 градски сообраќајници, се намалија дел од давачките кон градот, а им помогна и на најпогодените уметници, угостители, родители на ученици и други на кои помошта им беше најнеопходна во овие тешки времиња – рече Шилегов.

Тој додаде дека улиците на Скопје сега се побогати за 33 нови еко автобуси на гас, се направи зелен покрив на ГТЦ, а, како што рече, започна уредувањето и на вториот покрив на Домот на градежници.

-Следната 2021 е година во која почнуваме со Смарт сити, БРТ системот на Трамвај без шини, го започнуваме новиот мост на Љубљанска, а завршуваме со мостот на АСНОМ. Ако биде се во ред и условите го дозволат тоа ќе започнеме со изградба на новиот Луна парк и ботаничка градина – најави Шилегов.

Поврзани новости