Арсовски: Шилегов вработува 19-годишен возач, а во Градот веќе има 19 возачи

by Фокус

Во град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов, кој е роден 2001 година и треба да вози нов автомобил со високи перформанси, иако законот не го дозволува тоа, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нормално, момче родено 2001 година, со полни 19 години, никако не може да ги исполнува условите бидејќи во тој случај би требало да полага на 17 години, што е невозможно. И она што е најголем апсурд, се вработува нов личен возач на Шилегов, а во градот Скопје има дури 19 возачи кои се веќе во работен однос – рече портпаролот на ДПМНЕ Димче Арсовски.

Уште едно од вработувањата, според него, е и советник за јавно осветлување.

-Може Шилегов да излезе да поразговара и да прошета и граѓаните сами ќе му кажат каде не функционира осветлувањето поради неговата негрижа. Не му е потребен човек кој ќе го советува кои сијалици се прегорени или кои канделабри се искршени – изјави Арсовски.

Поврзани новости