Археолозите отворија петиција против пресудите за кражбата во музејот

by Фокус

Македонското археолошко друштво отвори петиција на која можат да се потпишат сите граѓани кои не се согласуваат со енормно високите затворски казни кои без исречени во процесот за кражбата во музејот. Иако главните сторители не се откриени, а златниот накит кој исчезна не е пронајден, судот определи казни и по осум години. Сите осудени биле на одговорна позиција, но никој од нив не е осуден како директен крадец на златото.

Освен петицијата, во понеделник архелозите ќе одржат и прес конференција на која ќе зборуваат и за судскиот процес, но и за лошите услови во кои работат. Тие реагираа и по објавувањето на пресудата. Што е нелогично во судскиот процес, каде погрешил судот, зошто казните се високи и уште некои други детали анализира неделникот Фокус во денешното издание.

Peticija

 

Поврзани новости