478
Националната арена „Филип II“ ќе се ребрендира и ќе се прекрсти во „Телеком Арена“. За таа цел, денеска договор потпишаа „Македонски Телеком“ и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
-Нашата поддршка ќе обезбеди промоција на Телеком Арената во пошироки рамки по примерот на светски познатите стадиони, но и дополнително ќе го поттикнеме здравиот начин на живот и развојот на спортски дух кај граѓаните во државата, истакна главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер.
Брендираната „Телеком Арена“ ќе биде домаќин на Супер Купот на УЕФА во 2017 година на кој ќе учествуваат победниците на Лигата на шампионите на УЕФА и Лигата на Европа на УЕФА за 2016-17 година.