Апелација пресуди: Ставриќ доби условна казна

by Фокус

Скопска Апелација пресуди условна казна за очниот хирург Дејан Ставриќ, откако претходно Кривичниот суд по вторпат го осуди на затворска казна од една година за наводно посредување за инвалидска пензија каде што беше обвинет дека барал поткуп од 2.000 евра од прилепчанец.

Голготата по судските лавиринти на доктор Ставриќ трае повеќе од два години. Тој на првото судење беше обвинет на една година затвор, па пресудата беше обжалена на Апелација и случајот беше вратен на повторно судење. Во мај лани очниот хирург повторно седна на обвинителна клупа и пак ја доби истата пресуда од една година.

Ставриќ повеќе од 52 дена беше предводник на штрајкот на лекарите, па околу неговото апсење постоеја разни сомневања – дали синдикалното лидерство беше пресудно тој да заврши зад решетки.

Поврзани новости