Апасиев најави 101 тужба до Управниот суд: Си игравме дрндупки со ДИК

by Фокус

За да ја доведеме тотално до апсурд искривоколчената логика на неспособните од ДИК, утре нашиот правен тим ќе поднесе 101 тужба до Управниот суд, најави фронтменот на Левица Димитар Апасиев.

„1.500 приговори на Левица се отфрлени. И со право. Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото. Но, 500 приговори ни се мериторно одбиени со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати – ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници! Впрочем, како би можел нашиот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите – истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК?“, напиша Апасиев на фејсбук.

Поврзани новости