Пандев: Жал ми за навивачите, одиме похрабро против Украина!

by Fokus

Капитенот на македонската селекција, Горан Пандев не го криеше разочарувањето од дебитантскиот пораз на ЕП против Австрија.

Тој порача дека шансите се уште не се изгубени и верува дека во идните мечеви ќе прикажат уште подобра игра.

„Како за прв меч, ова е големо искуство. Одигравме одлично на овој натпревар. Знаевме дека Австрија ќе притисне. Имавме некои контри, требаше ги реализираме, ама тоа е тоа. Шансите не се загубени, сега ни треба добар одмор. Треба отворено да одиграме против Украина. Најмногу ми е жал за навивачите, но тие треба да знаат дека го дадовме максимумот. Се надеваме дека уште подобро ќе одиграме на следните натпревари“, истакна Пандев.

Поврзани новости