Македонија не издржа до крајот, пораз од Австрија на првиот меч на ЕП

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна своето деби на Европското првенство, а во овој меч подобра беше селекцијата на Австрија (3-1).

Иако нашите фудбалери играа добро, сепак, потклекнаа во самиот финиш, не успевајќи да останат непоразени на ова натпреварување.

Австрија поведе прва во мечот, преку погодокот на Лаинер во 18 минута, а Македонија израмни десетина минути подоцна со голот на Пандев.

На почетокот на второто полувреме, селекцијата на Македонија почна посериозно да се заканува кон голот на Австрија, но тоа значеше нови проблеми за нашите фудбалери, поради брзите контри на Австријците.

Македонија се држеше се до 78 минута, кога Грегорич беше брз во реакцијата, по одличниот центаршут на Давид Алаба. Се чини дека овој погодок ги пресече нозете на македонските фудбалери, кои примија уште еден погодок пред самиот финиш. Овојпат стрелец беше Марко Арнаутович.

Следниот натпревар македонскиот национален тим го игра со селекцијата на Украина, во четврток со почеток од 15 часот.

 

Поврзани новости