Антикорупциска отвори случај за тајните владини хонорарци

by fokus

Државната комисија за спречување корупција на денешната своја седница отворила случај за владините хонорарци  чии имиња не се обелоденети од страна на Владата. Ова вечерва за „Фокус“ го изјави членот на Комисијата, Владимир Георгиев.

-Се работи за транспарентност на трошење на буџетски средства и кои лица се ангажираат и за кои потреби. Впрочем тоа е препорака и на ГРЕКО 5тиот круг на оценка, вели Георгиев.

Антикорупциска го спори криењето на имињата, бидејќи се работи за државни пари од кои тие се исплаќаат, како и намената на нивниот ангажман, односно дали толкав број на хонорарци бил навистина потребен. Исто така, спорен е и начинот на кој биле исплаќани, односно преку авторски договори и ДСКС ќе испитува дали работата за која биле ангажирани подлежи под авторски договор.

Препораката на ГРЕКО на која се повикува Антикорупциската комисија гласи:

„Во однос на вработувањето на лица ангажирани врз основ на дискреционо право на функционери од централната власт со цел да даваат совети на функционерите или да вршат слични функции, треба да се воведат правила за неспоивост и да се воведе ветинг врз основа на правилата за интегритет;
(ii) имињата и договорните бенефиции (плати итн.) на оние кои се ангажирани за овие позиции да се направат лесно достапни на интернет и, кога се работи за ангажман со скратено работно време/или ад-хок ангажман, да
бидат вклучени и податоци за нивната главна работна задача/активности. (точка 39)“

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости