Филипче: Планираме да вакцинираме меѓу 7.000 и 10.000 лица на ден

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче оцени дека добро е поставен и функционира системот за вакцинација. Како што рече тој на Канал 5, постарите од 77 години примаат „Астра Зенека“, а граѓани од т.н. критична инфраструктура добиваат вакцина  „Спутник“. Кај нив, според него, имунизацијата кај нив ќе заврши следната недела.

-Вакцинирањето нема да прекине, има за следните три недели со „Астра Зенека“. Распоредите се прават за следни недела-две, за пунктовите низ земјата и во спортската сала.  Сега се вакцинираат 3000-4000 дневно. Нашиот план е помеѓу 7000 и 10 000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10 000 со максимална оптовареност на системот. Тоа би било добра динамика. Апелирам да се пријават сите на сајтот вакцинајија.мк, така системот ќе ги генерира приоритетите по возраст и, евентуално, со коморбидитети. Битно е да се вакцинираат меѓу 60 и 70 отсто од населението, за да се постигне колективен имунитет – истакна Филипче.

Поврзани новости