Антикорупциска ќе ги проверува странските и домашни донации за време на пандемија

by Fokus

Антикорупциската комисија одлучи да проверува како се трошат донациите кои се даваат во време на епидемијата со коронавирусот.

„Врз база на добиени сознанија од медиумите за значителен  прилив на странска и домашна помош (донации) за времетраењето на вонредната состојба како што и претходно беше информирано ДКСК одлучи да преземе конкретни дејствија во насока на прибирање на релевантни информации за начинот на кој се користи доделената странска и домашна помош“, информираат од ДКСК.

Поврзани новости