Новинарот Михајлоски во Прилеп имал контакт со заразен член на семејството, сместен е во „8 Септември“

by Fokus

Уредникот во Канал 5, Гоце Михајлоски, кој е позитивен на корона вирус, при посетата на семејството во прилеп имал контакт со член кој бил позитивен на инфекцијата, информираше денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Буховa.

Таа истакна дека Михајлоски е сместен во болницата „8 Септември“, а дека од епидемиолошките анкети кои се во тек со сите оние со кои имал контакти, вклучувајќи ги и вработените во телевизијата каде што одел на работа, ќе зависат следните мерки што ќе бидат преземени во однос на евентуални решенија за самоизолација.

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека двајцата лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски ќе бидат 14 дена во домашна изолација бидејќи имале интервју со новинар што е заразен од корона вирус.

Поврзани новости