Анѓушев: Вработени се 50.000 луѓе, се градат 30 фабики

by Фокус

Следува мошне сериозна економска офанзива, имаме многу планови, дел од нив веќе се реализираат, меѓутоа еден дел ќе бидат пуштени во реализација од оваа есен и очекуваме да дадат сериозен импакт врз економското живеење во нашата држава, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за МТВ.

-Имаме раст во индустриското производство, во извозот, вработени се 50.000 лица, од кои 48.000 во реалниот сектор. Значи, политиките даваат резултат. Практично, тоа е визија – да направиме реална економија, ориентирана кон приватниот сектор, кон оние што ќе обезбедат долгорочна стабилност. Ако како Влада правиме проекти за брз раст на економија, со кредити и проекти, тие проекти ќе завршат. Ќе имаат импакт и виртуелно, имаме раст, но што кога ќе завршат проектите? – рече Анѓушев.

Тој додаде дека во овој период се донесе Законот за енергетика, тече тендер за фотоволтаици, се водат процеси за инвестирање во ветерници итн.

-Би потсетил само на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, каде што направивме една сериозна политика или еден сериозен импакт врз индустријализацијата на државата, што и дава резултат, бидејќи во моментот се градат триесетина фабрики во нашата држава, но и над 300 македонски компании се потпомогнати што не беше случај претходно. Направивме исчекор за сериозна помош за економијата и таа дава резултати – рече Анѓушев.

Поврзани новости