Ангеловски: МВР работи на расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани

by fokus

МВР работи на расчистување на случајот со палењето на знаметото на Република Бугарија во Вевчани, истакна на денешната прес-конференција во Штип портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Да, за жал имавме таков немил настан. Ние работиме на целосно расчистување на тој случај и очекуваме наскоро да биде расчистен, вели Ангеловски.

По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. Таа посочи дека на амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов му е порачано да изрази пред Владата на Република Северна Макдонија нивното силно негодување за тој чин.

Поврзани новости