Русковска до екс градоначалникот Трајковски: Дали и рушењето на Космос беше партиски проект?

by fokus

Дали и рушењето на “Космос” претставува партиски проект, го праша обвинителката Вилма Русковска поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, на судењето за организацијата на настаните од 27 април 2017, на кое тој денеска беше повикан како сведок, објави „360 Степени“.

Трајковски, кој е еден од обвинетите во случајот „ТНТ“, односно за рушењето на објектот Космос на Фијат Цаноски, не одговори бидејќи судот не го дозволи прашањето

Од судот тој доби прашања и за комуникацијата со Никола Груевски, кој исто така беше опфатен во истрагата за организацијата на „27 април”, но не беше поднесено обвиние, бидејќи е недостапен за органите на прогонот. На тоа, Трајковски одговараше дека додека бил на функција, имал само 2-3 средби и исто толку пати разговори со Груевски.

Обвинети во случајот за организација на 27 април се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Поврзани новости