Ангел Димитров: Очекуваме средбата со македонските историчари да даде резултат!

by Fokus

Шефот на бугарскиот тим од мешовитата Комисија за историски прашања, Ангел Димитров, пред денешната средба со македонските историчари во Скопје, изјави дека очекува да биде постигнат некаков резултат за отворените прашања.

– Почнува нешто со добри очекувања, а како ќе биде понатаму ќе видиме. По повеќе од една година се надеваме дека ќе има некаков резултат, изјави Димитров за ТВ 24 по пристигнувањето во Скопје.

Македонските и бугарските историчари денеска по пауза од речиси една година повторно ќе се состанат за да го продолжат дијалогот, кој се води во рамки на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Поврзани новости