Андреевски: Мицкоски и неговиот татко биле ревиденти и консултанти на проекти на ЕЛЕМ

by Фокус

Доцент Христијан Мицкоски и неговиот татко, професор Иван Мицкоски, биле извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ, истакна претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски.

-Секако, тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено за суми од 105.020, 38.232, 32.400, 207.680 денари. Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицковски – клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ – порача Андреевски.

Тој истакна дека овие информации се врз основа на документација што била доставена до партијата.

Поврзани новости